ТУРЦИЈА НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ДИПЛОМИ, СТУДЕНТИТЕ ИСПЛАШЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТУРЦИЈА НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ДИПЛОМИ, СТУДЕНТИТЕ ИСПЛАШЕНИ

    Вознемиреност кај македонските студенти во Турција, како и турските во Македонија предизвика одлуката на Турција да го раскине договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа. Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција вчера ја објави во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември лани, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари.

    „Непризнавањето на дипломите од македонските училишта влеа страв кај студентите кои моментално студираат во Турција. Тука има македонски студенти кои претежно студираат информатика, економија, градежништво и новинарство. Тие се сега во незвесност што ќе се случи понатаму. Најверојатно, од оваа одлука ќе бидат засегнати и новите студенти кои планираа годинава да се запишат на факултетите во Турција“, вели битолчанецот Мартин Николовски, студент во Анкара.

    Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција вчера ја објави во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември лани, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари (Принтскрин од одлуката во Службен весник на Турција)

    Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција вчера ја објави во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември лани, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари (Принтскрин од одлуката во Службен весник на Турција)

    Тој додава дека големо олеснување за македонските студенти е тоа што Турција им доделуваше стипендии за студирање, а им ги покриваше и трошоците за храна, сместување, добиваа и месечен финансиски надоместок.

    Македонските студенти во Турција се надеваат дека ситуацијата ќе се разреши.

    Од македонските министерства за образование и за надворешни работи не беа достапни за коментар.

    „Македонија и Турција се долгогодишни пријателски држави кои имаат длабока соработка, а и голем дел од историјата ги поврзува и ги прави блиски, затоа се надеваме дека ова наскоро ќе се реши и дека нема да има никакви последици врз учениците и студентите“, вели Николовски.

    Во Македонија студираат неколку илјади турски студенти на факултетите во Скопје, Битола и Штип. Незвесно е што ќе се случи и со нивните дипломи ако не се промени одлуката.

    Македонија и Турција имаа воспоставено соработка на образовен план со меѓусебно признавање на дипломите уште од 1998. Раскинувањето доаѓа во период по турското барање за затворање на училиштата и фондациите поддржани од дисидентскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кого власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека стои зад пучот лани во јули.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари