УНГАРИЈА ЌЕ ГИ ДОБИЕ ДОКАЗИТЕ ДЕКА ГРУЕВСКИ ГО НАРАЧАЛ НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017, СЕ ОЧЕКУВА НЕГОВА ЕКСТРАДИЦИЈА, РЕЧЕ ДЕСКОСКА

    УНГАРИЈА ЌЕ ГИ ДОБИЕ ДОКАЗИТЕ ДЕКА ГРУЕВСКИ ГО НАРАЧАЛ НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017, СЕ ОЧЕКУВА НЕГОВА ЕКСТРАДИЦИЈА, РЕЧЕ ДЕСКОСКАМинистерката Дескоска кажа дека барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април, со комплетната документација, деновиве ќе биде испратено до Министерството за правда на Унгаријa. (Фото: СДК.МК)

    Досиејата за избеганиот осуденик Никола Груевски од Обвинителството за организиран криминал и од судот за неговата поврзаност со организацијата и нападот на Собранието на 27 април 2017, ги потпишала денеска министерката за правда Рената Дескоска.

    „Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април, со комплетната документација, деновиве ќе биде испратено до Министерството за правда на Унгарија”, рече Дескоска.

    Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска неодамна кажа дека Интерпол одбил да распише меѓународна потерница по азилантот Груевски. Дескоска појасни дека барањето за екстрадиција што таа ќе го праќа нема врска со потерницата, бидејќи министерствата за правда бараат да бидат екстрадирани и лица за кои не е распишана потерница од Интерпол.

    Унгарија нема рок за одговор. На првото барање за екстрадиција на Груевски, за двегодишната затворска казна, до денеска унгарските власти не му одговориле на Министерството за правда на Северна Македонија.

    Во Правда и во Обвинителството за организиран криминал очекуваат Груевски да биде екстрадиран за истрагата за нарачување и организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, бидејќи Унгарија нема ниедно алиби за да не го испорача бараното осомничено лице. Нема сега ни амнестија од претседател на држава, ни тапија од невалиден орган за наводна дискриминација од судот, велат во судот и во обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира