УШТЕ 26 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 238 СМРТНИ СЛУЧАИ,  НОВИ 906 БОЛНИ

    УШТЕ 26 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 238 СМРТНИ СЛУЧАИ,  НОВИ 906 БОЛНИАктивни се 14.785 болни. (Фото: СДК.МК)

    Во изминативе 24 часа починаа 26 лица поради компликации од ковид-19. Меѓу починатите, како што соопшти претпладнево Министерството за здравство, е и 15-годишно девојче од Тетовско.

    Според податоците на Институтот за јавно здравје, за една недела во земјава починале 238 болни.

    Денеска се регистрирани 906 нови случаи на ковид-19 од направени 6.006 ПЦР тестови. Со денешните бројки, активни во земјава се 14.785 болни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира