УСТАВЕН СУД ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА ГИ ИЗБРИШЕ ШПАНСКИТЕ СКАЛИ ОД ПЛОШТАД

    УСТАВЕН СУД ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ДА ГИ ИЗБРИШЕ ШПАНСКИТЕ СКАЛИ ОД ПЛОШТАДОд Уставен суд велат дека Општините не можат да поништуваат планови туку да донесат нови, а од Општина Центар пак тврдат дека спорните објекти нема да се градат бидејќи на сила е одлуката за мораториум за градба. - Градоначалникот Саша Богдановиќ; Уставен суд (Фото: СДК.МК)

    Укинувањето на изградбата на Шпанските скали на Плоштад Македонија, катната гаража кај „Авто Македонија“ и улицата на Кеј 13 Ноември, не важи. Уставниот суд донесе одлука за поништувањето на одлуката на Општина Центар за поништување на четири урбанистички планови која беше донесена лани во март.

    Станува збор за плановите кои се наоѓа на дневен ред на маротонската почната на 13 јуни 2013 година која беше прекината поради демолирање на Општината и нарачаните шамари од тогашниот премиер Никола Груевски за ексградоначалникот Андреј Жерновски. Оваа точка за поништување на плановите беше ставена на дневен ред лани во март и усвоена од советниците на Општина Центар.

    Уставниот суд ја поништи ваквата одлука бидејќи Општината немало право да поништува планови, туку само да носи нови во кои ќе има измени.

    „Уставниот суд може да поништува и да укинува детални урбанистички планови. Општините имаат овластувања да донесуваат урбанистички планови, а доколку сметаат дека некои од нив не се во ред, тогаш општинските власти можат да ги менуваат ДУП-овите“, стои во одлуката на Уставен суд.

    Поништени се деталните урбанистички планови Голем Ринг – Јужен дел – Запад, Централно зеленило покрај река Вардар – Јужен дел, Централно градско подрачје – Мал Ринг и Голем ринг – Јужен дел – Исток.

    Од Општина Центар велат дека ваквата одлука на Уставниот суд нема ништо да измени бидејќи Општината донесе одлука за мораториум на градба во цел Центар.

    „Мораториумот за градба ќе трае додека заврши ревизијата на плановите и да се донесе одлука кои планови треба да се изменат. Тоа значи дека сите објекти кои беа стопирани со одлуката за поништување на детални планови а која сега ја оспори Уставен суд, нема да се градат. Со измените на плановите тие ќе бидат избришани“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира