УВОЗ НА ОПАСЕН ОТПАД НЕ Е ДОЗВОЛЕН, КОНТРОЛАТА ЈА ПРАВИ ЦАРИНАТА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИ

    УВОЗ НА ОПАСЕН ОТПАД НЕ Е ДОЗВОЛЕН, КОНТРОЛАТА ЈА ПРАВИ ЦАРИНАТА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИМинистерот Нуредини вели дека единствен опасен отпад е комуналниот отпад бидејќи кај нас нема систем за негова селекција и преработка. - Нуредини со експремиерот Зоран Заев на прославата на Денот на независноста. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Во земјава не се увезува отпад за складирање на депонии, единствениот отпад што се увезува е за рециклирање и повторна употреба, ништо друго, вели министерот за животна средина Насер Нуредини.

    Нуредини во изјава за државната агенција МИА објаснува дека контролата на отпадот кој влегува во земјава ја врши Царинската управа, а тие како Министерство само ги креираат политиките и утврдуваат каков отпад може да се увезува.

    „Ние, како институција креираме политики, ги пишуваме законите, но и се стремиме да ги применуваме. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува отпад за депонии или складирање. Дозвола за увоз може да се добие единствено за рециклирање и повторна употреба на отпад. Царината мора да знае што се увезува во земјата. Постојат правила и прописи дека контролата на граничните премини мора да биде темелна“, вели министерот Нуредини.

    Според Нуредини единствен опасен отпад во земјава е комуналниот отпад бидејќи кај нас нема систем за негова селекција и преработка. Тој сега само се депонира на депонијата „Дрисла“.

    Нуредини в понеделник ќе има средба со новиот директор на скопската депонија Коста Начевски, кој дојде на оваа функција во средата откако Град Скопје го презема владението и управувањето со „Дрисла“, после деветгодишна концесија на италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

    Прашањето за тоа какво отпад се увезува во земјава беше отворено откако бугарските власти отвори истрага за отпадот, кој од Италија во Бугарија го увезувала фирмата „Блацион“ ООД, во која удел има досегашниот директор на „Дрисла“ Горан Ангелов. Според Обвинителството во Бургас отпадот откриен во контејнерите не е радиоактивен или токсичен, но сепак утврдена е неусогласеност меѓу наведеното во документацијата на контејнерите и нивната содржина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира