ВИКЕНДОТ БЕЗ ДДВ ЗА ПРОМЕТ ДО 500 ЕВРА ЌЕ БИДЕ НА 10,11 И 12 ОКТОМВРИ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ

    ВИКЕНДОТ БЕЗ ДДВ ЗА ПРОМЕТ ДО 500 ЕВРА ЌЕ БИДЕ НА 10,11 И 12 ОКТОМВРИ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИСо четвртиот пакет мерки повеќе категории граѓани ќе добијат платени картички од 6.000 денари. (Фото. СДК.МК)

    За  250.000 вработени Владата ќе даде помош за исплатата на платите, а 280.000 граѓани ќе добијат платежни картички од 6.000 денари, кажа денеска премиерот Зоран Заев презентирајќи го четвртиот пакет економски мерки. Исто така, Заев најави дека викендот без ДДВ ќе се одржи на 10,11 и 12 октомври.

    „Граѓаните ќе можат да купат домашни производи, услуги, компјутери и друга ИТ опрема без ДДВ за време на викендот без ДДВ. Еден граѓанин производи и услуги без ДДВ ќе може да купи до 30.000 денари. За некоку дена преку апликацијата ‘Мој ДДВ‘ ќе им бидат вратени парите“, рече Заев.

    За поддршка на компаниите погодени од ковид кризата за исплата на плати на вработените обезбедени се 70 милиони евра и ќе важи за месеците октомври, ноември и декември. Како што кажа Заев, поддршката ќе се исплаќа скалесто, во согласност од падот на приходите на компаните.

    „Колку е поголем падот толку поголема ќе биде поддршката. Помошта ќе се движи од 14.500 до 21.776 денари по вработен. Продолжуваме со давање на платежни картички за граѓаните, овојпат од 6.000 денари. Ќе бидат доделени  5. 726 картички на самохрани родители, на пензионери со пензија до 15.000 денари, за невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни и естрадни уметници, како и за студенти и ученици“, рече Заев.

    Четвртиот пакет економски мерки вклучува и зголемување на грејс периодот односно дополнителни три месеци за исплата на кредитите преку ковид 1 програмата, како и нови 100 милиони поволни кредити од Развојната банка.

    На туристичкиот сектор ќе му бидат вратени парите платени на државата по основ туристичка такса, а ќе се даде помош за исплата на платата на 150 туристички работници, Предвидени се пари за грантови за туристички агенции, рестораните за свадби и игротеките.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира