ВИЗЕР ГИ ОТКАЖА ЛЕТОВИТЕ ОД СКОПЈЕ И ОХРИД ЗА МИЛАНО И ТРЕВИЗО ДО 3 АПРИЛ

    ВИЗЕР ГИ ОТКАЖА ЛЕТОВИТЕ ОД СКОПЈЕ И ОХРИД ЗА МИЛАНО И ТРЕВИЗО ДО 3 АПРИЛНа веб страницата на компанијата е објавено дека може да се очекуваат и други откажувања на летови за кои компанијата има продадено мал број карти. (Фото: Визер)

    Визер го откажа денешниот лет од Скопје за Тревизо (Венеција) по декретот на италијанската Влада со кој цела Ломбардија и 14 други северни провинции се ставени во карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во зоната на ограничено движење спаѓаат и Милано и Венеција, северноиталијански градови до кои унгарскиот нискобуџетен превозник има редовни линии за Скопје.

    Компанијата соопшти дека ги суспендира сите летови кон Милано, Бергамо и Тревизо до 3 април.

    На веб страницата на компанијата е објавено дека може да се очекуваат и други откажувања на летови за кои компанијата има продадено мал број карти. Ќе се мониторираат сите линии и летовите за дестинациите за кои има мал интерес ќе бидат откажани, соопшти компанијата.  Патниците чии летови се откажани ќе бидат известени 14 дена пред закажаниот лет и ќе им биде понудена алтернативна дестинација или враќање на парите за картата.

    Летовите од Скопје за Рим – Чампино не се откажани.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира