ВЛАДАТА ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ЗАМЕНА НА ПЕЧКИ НА ДРВА СО ИНВЕРТЕРИ ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО, БИТОЛА И КИЧЕВО ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО

    ВЛАДАТА ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ЗАМЕНА НА ПЕЧКИ НА ДРВА СО ИНВЕРТЕРИ ВО СКОПЈЕ, ТЕТОВО, БИТОЛА И КИЧЕВО ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТОПокрај средства за домаќинствата на вчерашната владина седница беше одлучено да се пренаменат 5 милиони денари за приклучување на болницата во Струмица која досега се загреваше на нафта, на гасовод.(Фото: Влада на РСМ)

    Жителите на Скопје, Тетово, Битола и Кичево кои ќе ги заменат печките на дрва со инвертер клими ќе добијат субвенции од Владата. Висината на субвенцијата ќе биде целата сума за која е купен инвертерот. Оваа мерка како што кажа заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули се носи со цел да се стимулираат граѓаните без трошоци да го сменат начинот на загревање на домовите.

    „Граѓаните кои ќе ги заменат печките на дрва ќе добијат ваучeри. Нема да одиме по принципот прв дојден прв услужен бидејќи сакаме да дадеме предност на барателите со ниски примања, а потоа и за останатите граѓаните“, рече Макрадули.

    Покрај средства за домаќинствата на вчерашната владина седница беше одлучено да се пренаменат 5 милиони денари за приклучување на болницата во Струмица која досега се загреваше на нафта, на гасовод.

    Од програмата на Министерството за животна средина за намалување на загадување ќе бидат додели средства на 19 општини за замена на опрема на нееколошки системи на греење во градинки, училишта и здравствени објекти. Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетска ефикасност, во 8 општини вклучувајќи го и Град Скопје ќе се дадат пари за подигнување на нови зелени површини. Обезбедени се средства како амандман на опозицијата за прочистувачи на воздух во 34 училишта, како и филтри на мали компании во Полошкиот регион.

    „Справување со изворите на загадување во многу земји дало резултати во борбата против аерозагадувањето. Сите анализи покажуваат дека со замената на греењето со еколошки системи драстично ќе се намали загадувањето. Оваа зима 70 објекти кои лани загадувале нема да бидат извор на загадување“, кажа Макрадули.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари