ВЛАДАТА ВО ПЕТОК НАВЕЧЕР СО БУЏЕТ ЗА 2017 ГО СПАСУВА ОБВИНЕТОТО ЛИЦЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ВЕЛИ ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:439:"„НаГруевскисегамуостанувасамоуштедагоактивираУставниотсудзадагоукинеСпецијалнотообвинителство,надевајќиседекасèќепропаднеицелиотпреговарачкипроцесќепочнеодпочеток“,изјавиЏевдетХајрединизаСАКАМДАКАЖАМ.МК

    ВЛАДАТА ВО ПЕТОК НАВЕЧЕР СО БУЏЕТ ЗА 2017 ГО СПАСУВА ОБВИНЕТОТО ЛИЦЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ВЕЛИ ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

    Тоа што Министерството за финансии во петок навечер го испратила предлогот на буџет за идната година до Владата е тест за Никола Груевски да ги отвори картите до крај – дали стварно мисли да оди на избори на 11 декември, или ќе прави уште поголем хаос во државата, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии од 1992 до 1994 година и поранешен директор на Агенцијата за санација на банки.

    Телевизијата„ 24 Вести“ вечерва објави дека Министерството за финансии потврдило дека „во текот на денот ќе го испрати буџетот до Владата“.

    Според Хајредини, ова е смислено сценарио на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ со предлагање на буџет за идната година уште во септември, во ситуација кога уште не е изгласан ни ребаланс на буџетот за оваа година, а Собранието треба да се распушти за помалку од еден месец, да се искомплицира целиот предизборен процес.

    „Да немаше избори, немаше ни да се носи буџетот. Тој обично се гласа во декември. Се сеќавате на 24 декември 2012, нели“, коментира Хајредини за САКАМДАКАЖАМ.МК и додава дека во нормална ситуација нема логика власта да брза со буџетот уште во лето. „Но, се наоѓаме во чувствителен период – ем треба да има избори кои се под силен меѓународен надзор, ем владејачката партија има лидер кој од вчера е и официјално обвинето лице. Со овој потег, Груевски сака да направи уште поголема забуна, а во исто време да прикаже дека сè е во ред и дека сè е нормално“, вели Хајредини.

    Поранешниот министер за финансии вели дека наредните денови треба да се очекуваат уште подраматични реакции на Груевски и неговите најблиски од партијата и дека ова ќе биде тест и за опозицијата.

    „Независно што ќе одлучи судот, независно што владејачката коалиција се однесува како да е сè нормално – ништо не е нормално. Имаме поранешен премиер кој за еден ден од осомничен е унапреден во обвинет. За прв пат ВМРО-ДПМНЕ е збунета и освен глупави соопштенија нема подготвен одговор. Мислам дека не очекуваа дека првото обвинение на СЈО ќе биде баш против Груевски и затоа очекувам драматичен развој на настаните“, вели Хајредини.

    Тој смета дека Груевски ќе оди и на последната карта за спас. „Нему сега му останува само уште да го активира Уставниот суд за да го укине Специјалното обвинителство, надевајќи се дека сè ќе пропадне и целиот преговарачки процес ќе почне од почеток“, изјави Џевдет Хајредини за САКАМДАКАЖАМ.МК

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира