ВМРО-ДПМНЕ МОЖЕ ДА КРИТИКУВА, НО МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ ЕДИНСТВО ЗА РЕФЕРEНДУМОТ, КАЖА ЗАЕВ

    ВМРО-ДПМНЕ МОЖЕ ДА КРИТИКУВА, НО МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ ЕДИНСТВО ЗА РЕФЕРEНДУМОТ, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев на конференцијата „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“, кажа дека постојано ќе ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во кампањата за референдумот, оти друга алтернатива за иднина на дражавата нема (Фото: МИА)

    Премиерот Зоран Заев и натаму ќе продолжи да ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во кампањата за референдумот за прифаќање на договорот со Грција. Во овој историски момент треба да се покаже единство за подобра иднина на заедничката држава, кажа Заев на меѓународната конференција „Македонија гледа напред: Мигот да се фати возот за ЕУ“ во Скопје.

    „ВМРО-ДПМНЕ е против договорот, но е за членство во НАТО и ЕУ и затоа ги повикувам и натаму ќе ги повикувам да се вклучат во кампањата. Тие имаат различни ставови по одредени прашања и треба да бидат различни и да критикуваат. Задача на опозицијата е да критикува и тоа да биде конструктивна критика. Но, во овие историски моменти треба сите да застанеме заедно зад оваа одлука. Не случајно тоа е коалиција на над 100 субјекти и треба да се покаже единство“, рече Заев.

    Според него ВМРО-ДПМНЕ може да биде критичар, но има и обврска да даде придонес во евроатлантските интегарции, бидејќи нема друг алтернативен пат за земјата.

    „Како премиер имам мандат до 2020 година, но ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Зошто би ни била потребата од владеење, кога државата ни нема иднина“, рече Заев.

    Референдумот ќе се одржи на 30 септември. Граѓаните од земјава и дијаспората ќе треба да одговорат на рефендумското прашање, кое ќе гласи „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција“.

    Со овој Договор, потпишан на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици), името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира