ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГЛАСА ЗАКОНИ ПОД УСТАВНОТО ИМЕ, АМА ПОДНЕСУВА ИЛЈАДНИЦИ АМАНДМАНИ ПОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ШТИТИ КРИМИНАЛЦИ, ОБВИНИ СДСМ

    ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГЛАСА ЗАКОНИ ПОД УСТАВНОТО ИМЕ, АМА ПОДНЕСУВА ИЛЈАДНИЦИ АМАНДМАНИ ПОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ШТИТИ КРИМИНАЛЦИ, ОБВИНИ СДСМПратеникот Костадин Костадинов од СДСМ ги повика опозиционите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто ги блокираат судските и изборните реформи со илјадници амандмани и зошто најавуваат дека нема да го гласаат Предлог-законот за одбрана, кој е неопходен за влез во НАТО. (Фото: К. Попов)

    СДСМ денеска ги повика пратениците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто ги блокираат судските и изборните реформи со илјадници амандмани и зошто најавуваат дека нема да го гласаат Предлог-законот за одбрана, кој е неопходен за влез во НАТО.

    „Како оди ВМРО-ДПМНЕ на конгрес кај сестринските партии под името Република Северна Македонија? Како на пратениците од ВМРО- ДПМНЕ не им пречи да земаат плата од Република Северна Македонија? Како поднесуваат илјадници амандмани под ‘Република С. Македонија’, за да ги блокираат судските реформи само за да заштитат криминал?“, ги праша денеска пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ колегите од опозицијата, на прес-конференција во Собранието.

    Ги повика да го гласаат Законот за одбрана, зашто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како што рече Костадинов, ги прифатил како Преспанскиот, така и Договорот за добрососедство со Република Бугарија.

    „Ако решила ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира нашата земја во евроинтеграциските процеси, нека ѝ служи на чест!“, рече Костадинов.

    Собранието денеска ја почна расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020. Костадинов ја повика опозицијата да го гласа Буџетот, кој е за поголеми плати во здравството и образованието, како и за поголеми пензии без задолжување на државата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира