ВО 169 ОСНОВНИ И ВО 4 СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЌЕ ИМА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, ОДОБРИ ВЛАДАТА

    ВО 169 ОСНОВНИ И ВО 4 СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЌЕ ИМА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, ОДОБРИ ВЛАДАТАДозвола за настава со физичко присуство добија 169 основни училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта. (Фото: СДК.МК)

    Во 169 училишта ќе се одвива настава со физичко присуство, одлучи Владата откако синоќа го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство, за период од 2 до 14 септември.

    Комисијата предлага согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта. А не исполнуваат услови 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.

    Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).

    На предлог на Комисијата за заразни болести Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на пандемија со ковид-19, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на епидемија со ковид-19.

    Во однос на работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое за овие дејности ќе важи веќе донесениот Протокол за организирање на настани.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира