ВО МНТ И АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ, ПЛАТЕНИ 80 МИЛИОНИ ЕВРА, ВОДА ТЕЧЕ ОД СИТЕ СТРАНИ

    ВО МНТ И АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ, ПЛАТЕНИ 80 МИЛИОНИ ЕВРА, ВОДА ТЕЧЕ ОД СИТЕ СТРАНИОд Град Скопје велат дека од МНТ побарале од нив да им испратат пумпи, за да бидат спремни доколку вода навлезе во подрумите.(Фото:Град Скопје)

    Вода тече од сите страни во новите објекти на Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј.

    Дождот денеска не само што го излеа Вардар надвор од малото коритото, туку ги поплави и објектите од проектот „Скопје 2014“.

    Во МНТ и Археолошкиот музеј, кои што заедно чинат 80 милиони евра, и се стари само 4 години ѕидовите се пожолтени и испукани од протечена вода, а подрумите се поплавени. Од Град Скопје велат дека од МНТ побарале од нив да им испратат пумпи за вадење на водата, за да бидат спремни доколку навлезе во подрумите.

    Археолошкиот музеј, каде што се сместени и Државниот архив и Уставниот суд, беше пуштен во употреба во 2014 година и чини 42 милиони евра.

    Македонскиот народен театар, кој што се градеше на местото на стариот срушен театар, беше отворен во декември 2013 година и чини 40 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари