ВО ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА И ПАРТИЗАНИТЕ, ДЕНЕС ПРОТЕСТ И ВО ТЕТОВО,

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА И ПАРТИЗАНИТЕ, ДЕНЕС ПРОТЕСТ И ВО ТЕТОВО,

    Продолжуваат антивладините протести низ цела Македонија. Здружението Протестирам денеска покрај во Скопје за прв пат најави дека ќе има протести и во Тетово, Радовиш и Кичево.

    Колоната се движи од Бит пазар кон Владата на Република Македонија (Фото: СДК.МК)

    Колоната се движи од Бит пазар кон Владата на Република Македонија (Фото: СДК.МК)

    На вчерашниот протест уште пред седиштето на Специјалното обвинителство во Скопје му се придружиија и претставници на Сојузот на борците. Малубројните учесници на НОБ беа на чело на колоната што тргна кон Собранието на Македонија, како прва точка од протестниот марш низ скопските улици.

    Дополнителен револт предизвика и тоа што синоќа на Здравко Савески и Владимир Куноски, членови на раководството на „Левица“, судот им одреди мерка домашен притвор и одземање на пасошите. Членовите на „Левица“ се меѓу најактивните организатори на протестите.

    Петар Шилегов од СДСМ му порача на заменикот министер за внјатрешни работи Митко Чавков да продолжи да ги снима шарените револуционери, оти така ја снима историјата на падот на оваа влада (Фото: СДК.МК)

    Петар Шилегов од СДСМ му порача на заменикот министер за внјатрешни работи Митко Чавков да продолжи да ги снима шарените револуционери, оти така ја снима историјата на падот на оваа влада (Фото: СДК.МК)

    Синоќа пред Собранието на Македонија на демонстрантите за прв пат откако почнаа масовните протести им се обрати и член на раководството на СДСМ.  Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов се качи на импровизирана бина и порача дека „само шарена Македонија е онаа која ние ја посакуваме, и за која се бориме“.

    Пред Собранието зборуваше и пејачката Кристина Арнаудова. Таа рече: „Протестирам и во името на моите колеги, кои молчат зошто изборните кампањи се најдобро платените тезги, други веќе немаме“.

    Шарената револуција ја обои и зградата на Министерството за надворешни работи Фото: СДК.МК

    Шарената револуција ја обои и зградата на Министерството за надворешни работи (Фото: СДК.МК)

    Шарената револуција синоќа ја погоди и зградата во која е сместено Министерството за надворешни работи (МНР). Демонстрантите фрлаа балони со боја и извикуваат „Нема правда, нема мир“. Столбовите на палатата „Борис Сарафов“, како што е официјалното име на објектот во кој е сместено МНР, се најшарени.

    Потоа колоната демонстранти се упати кон Владата. Во моментот додека граѓаните се собираа, падна скелето поставено на дел од зградата што предизвика овации. Скелето беше поставено минатата недела за мајсторите да ја пребојадисаат фасадата што демонстрантите ја имаа обоено во разни бои.

    Паѓањето на скелето од зградата на Владата беше проследено со овации (Фото:СДК.МК)

    Паѓањето на скелето од зградата на Владата беше проследено со овации (Фото:СДК.МК)

    Демонстрантите, организирани од граѓанската организација „Протестирам“ тринаесет дена бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари