ВРЕДНО ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ Е ПРАШАЊЕТО ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПРИЈАВАТ ДАЛИ ИМААТ ДРУГО ДРЖАВЈАНСТВО, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ВРЕДНО ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ Е ПРАШАЊЕТО ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПРИЈАВАТ ДАЛИ ИМААТ ДРУГО ДРЖАВЈАНСТВО, РЕЧЕ ЗАЕВФункционерите сега немаат обврска да пријавуваат дали имаат друго државјанство. (Фото: Влада)

    Владата досега не размислувала, ниту планирала да донесе законски измени со кои сите државни функционери ќе мораат да пријават дали покрај македонското имаат и друго државјанство. На денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК го праша премиерот Зоран Заев дали Владата планира законски измени со кои именувани и избрани функционери, пред да стапат на функцијата, задолжително ќе декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство и тој податок да биде јавно достапен.

    Премиерот Заев одговори дека за ова прашање досега не размислувале, но е вредно да се разгледа.

    „Секоја иницијатива од вас новинарите е вредна за размислување. Ќе размислиме и ќе го разгледаме ова прашање. Ние сме влада која внимателно слуша и во иднина сакам да ги слушнам сите аргументи. Ќе разгледаме какви се и европските пракси“, рече Заев.

    Бугарскиот весник „Дневник“ на 11 декември објави дека во последните десет години речиси 66 илјади Македонци добиле бугарско државјанство, пренесувајќи ја изјавата на бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент, како одговор на пратеничко прашање. Во сите случаи, основата за доделување на државјанство е доказ за бугарско потекло, додала министерката.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира