ВРХОВНИОТ СУД ЈА СТОПИРА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА НА ЈАНКУЛОСКА, НА ДНЕВЕН РЕД ГО СТАВА И БАРАЊЕТО НА ИЗБЕГАНИОТ ГРУЕВСКИ

    ВРХОВНИОТ СУД ЈА СТОПИРА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА НА ЈАНКУЛОСКА, НА ДНЕВЕН РЕД ГО СТАВА И БАРАЊЕТО НА ИЗБЕГАНИОТ ГРУЕВСКИОдлежување на четиригодишната затворска казна на ексминистерката Гордана Јанкулоска веќе ѝ беше одложено за 1 јули, бидеји има дете под едногодишна возраст. - Груевски и Јанкулоска пред Кривичниот суд (архивски фотографии)

    Петчлениот кривичен совет на Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски донел одлука ексминистерката за внатрешни работа Гордана Јанкулоска, сепак, да не оди во затвор на 1 јули, како што одлучи судија за извршување санкции од Кривичниот суд.

    Од вкупниот број поднесени вакви барања за одлагање на затворски казни од обични смртници, Врховниот суд прифаќал 1 отсто, 99 отсто тие случаи се одбиваат, велат во Основниот суд Скопје 1. Додаваат дека ова е упад на Врховниот суд во системот.

    Усвоено е нејзиното барање почетокот на отслужување на затворската казна во предметот „Тенк“ за местење на тендерот за набавка на луксузниот мерцедес да се одложи. Да се одложи до вонредното преиспитување на пресудата за нејзината казна од 4 години затвор.

    Во исто време овој петчлен кривичен совет го активира и истото барање од избеганиот Никола Груевски, и тој осуден во „Тенк“. Груевски доби двегодишна затворска казна.

    САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека предметот е веќе распореден кај еден од петтемина врховни судии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари