ЗА КОНСТРУКТИВНИ ПРЕГОВОРИ МОРА ДА ИМА СТАБИЛНИ ВЛАДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА, ВЕЛИ НИМИЦ

a:1:{s:9:"td_source";s:18:"САД,(МЕТА)

    ЗА КОНСТРУКТИВНИ ПРЕГОВОРИ МОРА ДА ИМА СТАБИЛНИ ВЛАДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА, ВЕЛИ НИМИЦ

     

    Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, за спорот за името во Њујорк разговарал со посредникот Метју Нимиц, но и со новиот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, пренесува грчко-американскиот неделник „Грик њуз“. Главните разговори за македонско-грчките односи и преговорите за името, сепак биле со посредникот Нимиц. Според Нимиц, најважно во моментов е да има нова стабилна и функционална влада во Македонија за да може да продолжи преговарачкиот обид за наоѓање заеднички прифатливо решение. Тој изразил подготвеност за реактивирање на разговорите меѓу двете страни за да опипа до каде е пулсот за конструктивно продолжување на процесот, кој е во мирување речиси две години поради политичката криза во Македонија.

    Во изјава за неделникот на грчката дијаспора, Нимиц изразил задоволство од средбата и од разговорот со Коѕиас, со кого се среќава третпат во последните неколку месеци.

    „Разговарав неколкупати со министерот минатата година. Со зголемен интерес очекувам поголема активност за оваа тема. Се надевам дека ќе има влада во Скопје наскоро и се надевам потоа да дојдам во регионот и да видам дали може да се направи нешто конструктивно околу спорот за името“, изјавил Нимиц за „Грик њус“.

    Во однос на политичката ситуација во Македонија, Нимиц посочил дека е неопходно во двете држави да има функционални и стабилни влади за да има конструктивни преговори.

    „Важно е да имаме две функционални влади во двете држави и ако сте посредник, нема поента да се обидувате да посредувате ако една од двете страни нема влада“,рекол Нимиц.

    Посредникот Нимиц посочил дека и Гутереш има изразено интерес за спорот, како и дека веќе му има дадено материјали за да го запознае и да го подготви со деталите околу преговорите за името пред неговата средба со Коѕиас.

    Коѕиас по средбите во Њујорк не даде никаква изјава поврзана со спорот за името и со состанокот со Нимиц, а детали за средбата не објави ниту грчкото министерство за надворешни работи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари