ЗА ОСТАВКИТЕ НА ФИЛИПЧЕ И ХАСАНИ ЌЕ ОДЛУЧАМ ВРЗ ОСНОВА НА ФОРЕНЗИЧКИ ФАКТИ, А НЕ ПОЛИТИЧКИ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ЗА ОСТАВКИТЕ НА ФИЛИПЧЕ И ХАСАНИ ЌЕ ОДЛУЧАМ ВРЗ ОСНОВА НА ФОРЕНЗИЧКИ ФАКТИ, А НЕ ПОЛИТИЧКИ, ВЕЛИ ЗАЕВФилипче, Хасани, Бесими и Етеми поднесоа оставки вчера, поради пожарот во ковид центарот во Тетово на 8 септември, во кој загинаа 14 лица. - Зоран Заев (архивска фотографија)

    Премиерот Зоран Заев вели дека ги примил оставките на министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани и двајцата директори на Тетовската болница ги сфаќа како висок етички и морален чин и додава дека тој одлуката за нив ќе ја донесе врз основа на форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.

    Филипче, Хасани, Бесими и Етеми поднесоа оставки вчера, поради пожарот во ковид центарот во Тетово на 8 септември, во кој загинаа 14 лица.

    „Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага“, вели Заев во владиното соопштение.

    Заев најавува дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопшти ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговори на сите прашања од медиумите.

    „Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија“, вели Заев.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира