ЗАБРАНАТА ЗА ГРУПИРАЊЕ НЕ ВАЖИ ЗА РОДИТЕЛИ СО ДЕЦА И ПРИ ЧЕКАЊЕ АВТОБУС

    ЗАБРАНАТА ЗА ГРУПИРАЊЕ НЕ ВАЖИ ЗА РОДИТЕЛИ СО ДЕЦА И ПРИ ЧЕКАЊЕ АВТОБУСЗабраната за групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица во текот на целиот ден е на сила од вчера. (Фото: СДК.МК)

    Владата на вчерашната седница донесе одлука во кои услови нема да важи мерката за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор во текот на целиот ден.

    Забраната за групирање нема да важи за:

    – За родители со деца од исто семејство;

    – При организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во  образовните институции и установи за згрижување на деца;

    – При чекање на постојка за превоз на патници;

    – При професионални спортски тренинзи и натпревари;

    – При организирање и одржување на службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;

    – При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;

    – За лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби;

    – При пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата; и

    – За вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и за постапување согласно оваа одлука

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира