ЗАЕВ ЌЕ ЧИСТИ ЗАЕДНО СО АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ В САБОТА

    ЗАЕВ ЌЕ ЧИСТИ ЗАЕДНО СО АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ  В САБОТАЗа успешно спроведување на акцијата ќе бидат задолжени премиерот, министрите, директорите и градоначалниците. (Фото: Ѓ.Личовски)

    На 20 локации административците заедно со премиерот Зоран Заев, в сабота ќе чистат во Скопје. Акцијата која Владата ја спроведува заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ ќе почне во 12 часот, а на сите локации ќе има екипи и механизација од градските јавни претпријатија.

    Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска апелираше во акцијата за чистење да се вклучат и граѓаните.

    „За успешно спроведување на акцијата ќе бидат задолжени самите раководители на институциите односно премиерот, министрите, директорите и градоначалниците. Напролет се надевам ќе организираме големо пролетно чистење на административците. Освен што ќе исчистиме основна цел на акцијата е подигнување на свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот и грижа за животната средина“, рече Манчевски.

    Меѓу локациите кои заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ се одбрани за чистење се кејот на реката Вардар, Јужен булевар, езерото Треска, аквадуктот, Кале, Музејот на современа уметноста, касарната Илинден, СЦ „Борис Трајковски“, просторот кај Младинскиот културен центар, Јужен булевар и други.

    Ирена Ристиќ од „Не биди ѓубре“ кажа дека децата треба да се едуцираат децата, а возрасните да се казнуваат бидејќи е доцна за нивно едуцирање.

    „Граѓаните треба да научат дека жардинерите не се канти за ѓубре, собраните лисја по улиците не се покана да се фрла отпадот врз нив и дека грмушките не се место за фрлање џебен отпад“, рече Ристиќ.

    Со акцијата за чистење администрацијата в сабота ќе го обработи 2 јануари, кој за нив оваа година беше неработен ден.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира