ЗАЕВ ПРЕДЛОЖИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ НАЈБРЗО ШТО МОЖЕ

    ЗАЕВ ПРЕДЛОЖИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ НАЈБРЗО ШТО МОЖЕЗаев рече дека со овој предлог ќе настапи утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев предложи предвремени избори најбрзо што може, во првото обраќање откако вчера Европскиот совет одлучи да не ѝ додели датум за почеток на пристапни преговори за влез во ЕУ и реши за ова прашање да се расправа на следниот самит на лидерите во мај 2020 во Загреб. Заев рече дека со овој предлог ќе настапи утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

    Заев не даде конкретна временска рамка за можниот датум за избори, рече дека тоа ќе зависи од консултациите со коалиционите партнери и со опозицијата.

    „ЕУ не го испорача тоа што го вети, ние го завршивме сите наши обврски, испорачавме сè што се бараше од нас. Факт е дека ние сме жртви на историска грешка на ЕУ и тоа кај сите нас прeдизвикува огромна огорченост. Јас сум разочаран и лут и знам дека целиот наш народ така се чувствува и гo чувствувам како уште една лузна. Ја преземам врз себе разочаранoста на својот народ и одговорно излегувам пред својот народ и порачувам: европскиот сон на македонскиот народ народ нема да биде срушен“, рече Заев.

    Заев рече дека предлага брзи предвремени избори, најбрзо што може, на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот на кој треба да се оди, „дали да одиме по вистинскиот пат на европски вредности, напред, или по мрачниот пат на поделби и конфликт и изолацијата што води назад, на патот на пријателството со соседите или конфронтации“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира