ЗАЕВ УТРЕ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ ЌЕ КАЖЕ ШТО РАЗГОВАРАЛ СО ЦИПРАС

    ЗАЕВ УТРЕ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ ЌЕ КАЖЕ ШТО РАЗГОВАРАЛ СО ЦИПРАСПремиерот Зоран Заев најави дека утре во Клубот на пратеници во Скопје на лидерска средба ќе соопшти што разговарал со Ципрас за решавање на спорот за името (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев на утрешната лидерска средба ќе ги информира лидерите на политичките партии за што разговарале со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за еден од начините за решавање на спорот за измето.

    „Би сакал да се запази редот за информирање за деталите. Прво ќе му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија и на претседателот на Собранието. Тоа е редот за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по лидерската средба ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста“, кажа Заев денес на трибината „Млади МКЕУ-можности без граници“.

    Тој најави дека утре во 13 часот во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи лидерска средба за да ги информира лидерите на партиите за деталите од средбата со Ципрас во Софија и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. На оваа стредба се поканети претседателот на Собрание Талат Џафери, претседателот Ѓорге Иванов, лидерот на ВМРО Кристијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Средбата ќе биде еден плус два, односно секоја партија ќе може да донесе по двајца претставници.

    За вечерва во Охрид во 19 часот е закажана вечера со лидерите на парламентарните паритии ДУИ, БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и Алијанса за Албанците. Викендов во Охрид се одржува процесот „Жан Моне“, на кој партиите од власта и опозицијата дебатираат за парламентарниот партиски дијалог, кој беше нарушен со организираниот напад на Собранието на 27 април лани. Се разговара за носење етички кодекс за пратениците, за измени на собранискиот деловник и за други прашања за кои е потребно двотретинско мнозинство.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира