ЗАЕВА И ПАРТНЕРКАТА НА ЦИПРАС БАЗИЈАНА СЕ ПРОШЕТАА ПО СКОПСКОТО КАЛЕ

    ЗАЕВА И ПАРТНЕРКАТА НА ЦИПРАС БАЗИЈАНА СЕ ПРОШЕТАА ПО СКОПСКОТО КАЛЕДодека премиерите имаа средба во Владата и учествуваа на бизнис форумот во хотелот „Александар Палас“, Заева ѝ ја покажа на Базијана, скопската тврдина Кале.(Фото: Инстаграм)

    Партнерката на премиерот на Грција Алексис Ципрас, Перистера Бети Базијана, со сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица денеска се прошетаа низ Скопје. Додека премиерите имаа средба во Владата и учествуваа на бизнис форумот во хотелот „Александар Палас“, Заева ѝ ја покажа на Базијана, скопската тврдина Кале. Слики од прошетката на својот Инстаграм профил објави премиерот Зоран Заев.

    „Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба, интересни разговори и разгледување на градот на солидарноста. Прекрасно попладне, полно се оптимизам и ведрина“, напиша Заев на својот Инстаграм профил.

    Зорица Заева и Перистера Бети Базијана. (Фото: Инстаграм)

    Партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Перистера Бети Базијана, по пристигнувањето во Скопје во рамките на денешната историска посета на грчката делегација, положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.

    Таа живее со Ципрас повеќе од 20 години како невенчана сопруга и имаат два сина. Базијана е електротехнички инженер, не сака медиумско внимание и ретко се појавува во јавност.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира