ЗАТВОРЕНИ 48 КАФУЛИЊА ОТИ РАБОТЕЛЕ, ВОН УПОТРЕБА СТАВЕНИ 215 АПАРАТИ ЗА КАФЕ

    ЗАТВОРЕНИ 48 КАФУЛИЊА ОТИ РАБОТЕЛЕ, ВОН УПОТРЕБА СТАВЕНИ 215 АПАРАТИ ЗА КАФЕИако општата констатација е дека поголем дел субјекти ги почитуваат владините мерки за превенција од ширење на коронавирусот, за жал, еден дел од угостителите, посебно во руралните средини, продолжуваат да ги прекршуваат мерките на Владата“, кажа директорката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска. (Фото: Влада на РСМ)

    Затворени се 48 угостителски објекти бидејќи и покрај забраната за работа, имале гости. Шесте инспекциски служби во рамките на надзорите од 2 до 5 април, ставиле вон употреба и 215 апарати за кафе, а кај 15 месарници и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба.

    „Иако општата констатација е дека поголем дел субјекти ги почитуваат владините мерки за превенција од ширење на коронавирусот, за жал, еден дел од угостителите, посебно во руралните средини, продолжуваат да ги прекршуваат мерките на Владата. Во таа насока и најголемиот дел од 3.232 контроли на Државниот пазарен инспекторат се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а 423 се за замрзнати цени на производи“, рече на редовната прес-конференција претседателка на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

    Инспекциските служби констатирале помало зголемувања на цените на производите, особено на цитрусните овошја, а таму каде што имало поскапување цените се вратени.

    Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 208 надзори, при што се изречени две глоби, една  за непочитување на претходна наредба издадена од инспекор, а другата поради држење производ без декларација. Државниот транспортен инспекторат, пак, спровел 70 надзори, при што е констатирано дека кај автобуските станици немало отстапување од владината препорака за преполовен број на патници.

    „При спроведените 41 контрола од Агенцијата за лекови е утврдено дека се почитуваат препораките,  се одржува ред во апетките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата“, кажа Филиповска-Грашкоска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира