ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА, ОД НОВИТЕ 705 ПОЗИТИВНИ, 32 ПАТУВАЛЕ ВО СТРАНСТВО

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА, ОД НОВИТЕ 705 ПОЗИТИВНИ, 32 ПАТУВАЛЕ ВО СТРАНСТВООд 7 до 13 септември тестирани се вкупно 8.353 материјали, што е 14.2% помалку во однос на минатата недела. (Фото: СДК.МК)

    Од регистрираните 705 нови позитивни случаи за периодот од 7 до 13 септември, 221 или имале контакт со потврден случај (31,3 отсто), а регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена), стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.

    Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

    Од 7 до 13 септември тестирани се вкупно 8.353 материјали, што е 14.2% помалку во однос на минатата недела.

    Регистрирани се  705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (136; 19,3%), 40-49 (107; 15,2%) и 20-29 (98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (19; 2,7%) и 10-19 години (36; 5,1%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани што е намалување од 3,8% во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари