ЗИЈАДИН СЕЛА НЕ ЈА НАПУШТА ВЛАДАТА, ЌЕ ГО ЧЕКА ГЛАСАЊЕТО ЗА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВО СОБРАНИЕТО

    ЗИЈАДИН СЕЛА НЕ ЈА НАПУШТА ВЛАДАТА, ЌЕ ГО ЧЕКА ГЛАСАЊЕТО ЗА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВО СОБРАНИЕТОЗијадин Села го повтори ставот дека Министерството за здравство му припаѓа на Алијансата на Албанците,иако Венко Филипче е предлогот за министер за здравство кој веќе е испратен и во Собранието.Од средбата на Села со Заев во Владата на 21 декември(Фото: Г. Трпеноски)

    Алијансата за Албанците не ја напушта владината коалиција предводена од премиерот Зоран Заев, одлучи Централното собрание на партијата денеска во Гостивар.

    Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села се надева дека повторно ќе се сретне со премиерот Заев за да разговараат пак за условите за нивно останување во коалицијата.

    „Ние одлучивме дека ќе бидеме дел од владата за реализација на програмата која им ја ветивме на гласачите. Ветивме дека ќе ги отвориме и деблокираме процесите, ветиме дека лидерот на Собранието ќе биде Албанец, дека законот за албански јазик ќе биде одобрен и дека ќе се отворат судските предмети. Процесите започнаа и се очекува да се реализираат во иднина“, рече Села, по состанокот на Централното собрание кое се одржа попладнево во Гостивар.

    Највисокото партиско тело го разгледа и извештајот од локалните избори. Било одлучено конгресот на партијата да се одржи на 20 март 2018 година. Претседател на одборот за организирање на конгресот ќе биде градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

    Зијадин Села го повтори ставот дека Министерството за здравство му припаѓа на Алијансата, иако Венко Филипче е предлогот за министер за здравство кој веќе е испратен и во Собранието.

    „Ќе видиме дали тоа ќе биде така кога ќе гласаме во Собранието. Ако се одлучи дека Венко Филипче ќе биде министер, ќе бидете известени за понатамошни чекори што ќе ги преземе Алијансата за Албанците“, рече Села.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира