ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕД СЈО, ДРОН ГИ НАДЛЕТУВА ДЕМОНСТРАНТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕД СЈО, ДРОН ГИ НАДЛЕТУВА ДЕМОНСТРАНТИТЕ

    Активисти на Шарената револуција и огромен број граѓани го преполнија просторот пред Специјално јавно обвинителство (СЈО). Нови демонстранти доаѓаат од сите страни на градот за најавениот масовен протест. Меѓу демонстрантите од пред неколку минути е и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

    Додека трае собирањето дрон ги надлетува антивладините демонстранти. Тие не открија каде ќе се движат вечерва, но се очекува да тргнат секој момент.

    „Ние не простуваме! Ние не дозволуваме преговори за нашата иднина и иднината на нашите деца водени зад затворени врати! Лути сме и гневни на политичките елити што предолго нè држат во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните! Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач! Нашиот глас мора да биде слушнат и од власта, и од опозицијата! И ќе биде слушнат! Ако не во таа мала соба за преговори, ќе нè слушаат од улиците и плоштадите на оваа држава!“, порачаа организаторите од „Протестирам“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари