ЗВРЛЕВСКИ ИМА 8 ДЕНА ДА РЕШИ ДАЛИ БОЖИНОВСКИ ЌЕ ОДИ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗВРЛЕВСКИ ИМА 8 ДЕНА ДА РЕШИ ДАЛИ БОЖИНОВСКИ ЌЕ ОДИ ВО СЈО

    Јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски има осум дена да одлучи дали ќе ја предаде надлежноста и за обвинетиот новинар Зоран Божиновски во случајот „Шпиoн“, според Законот за Специјално обвинителство. Во Обвинителството велат дека Зврлевски и колегиумот може уште денеска да одлучат како ќе постапат по барањето на специјалната обвинителка Катица Јанева за преземање на предметот против Зоран Божиновски, испратено до Обвинителството вчера, а може за одговор да се чекаат и законските осум дена.

    Вчера и СЈО нејќеше да прејудицира како и кога ќе одлучи Обвинителството.

    За овој случај Специјалното обвинителство веќе има воспоставено надлежност. СЈО продолжува да ја води постапката, всушност, од Скопска апелација натаму, бидејќи во моментов е до таму стасана. За овој случај првостепено се осудени 22 обвинети и тие се во жалбена постапка пред Апелациониот суд Скопје. Пред да воспостави надлежност СЈО, предметот го застапуваше Обвинителството за организиран криминал и корупција на чело со Јован Илиевски.

    Во случајот „Шпион“, групата е обвинета и првостепено осудена за злосторничко здружување, шпионажа и уцена. За овие дела Божиновски беше обвинет уште во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност за органите на прогонот истрагата беше прекината. По екстрадицијата од Србија на 21 април годинава, тој право беше однесен во затворот во Шутка, а истрагата против него продолжи. На 19 јули доби уште 30 дена притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира