БАРАЊАТА НА УГОСТИТЕЛИТЕ ЗА ЖИВА МУЗИКА И СВАДБИ ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДАМЕ В ПОНЕДЕЛНИК, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    БАРАЊАТА НА УГОСТИТЕЛИТЕ ЗА ЖИВА МУЗИКА И СВАДБИ ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДАМЕ В ПОНЕДЕЛНИК, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕНезависната угостителска комора бара да се дозволи жива музика и организирање свадби, прослави и веселби. (Фото: СДК.МК)

    В понеделник, Комисијата за заразни болести ќе ги разгледува барањата на угостителите кои денеска беа доставени до Министерството за здравство. Независната угостителска комора бара да се дозволи да работат и затворените делови на кафеаните и кафулињата, на една маса да может да седат и над шест лица, да има жива музика и да се дозволи организирање свадби, прослави и веселби под одредени протоколи.

    Министерот за здравство Венко Филипче смета дека постојните мерки треба да бидат на сила најмалку уште една недела, но барањата на угостителите ќе се разгледаат.

    „Сите барања ќе ги разгледаме в понеделник кога ќе се прави пресек за епидемиолошката слика за изминативе две недели. Се покажа дека олабавените мерки не доведоа до влошување на состојбата, но сепак сметам дека уште најмалку една недела треба да останат мерките кои сега се на сила“, рече Филипче.

    Филипче кажа дека останува на ставот маски да се носат и на отворено уште некој период, односно додека не се имунизира поголем дел од населението.

    Според сегашните мерки кои се на сила, кафулињата и кафеаните можат да работат до 23.30 часот бидејќи полицискиот час од вчера е од полноќ до 4 часот. Дозволено е да работат само летните тераси, на една маса да седат најмногу 4 лица и да се одалечени 1.5 метар. Но, овие мерки ретко кој од угостителите ги почитува.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира