БРЕМЕНА ЛЕКАРКА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19 ГИ КРИЕЛА КОНТАКТИТЕ И СТАВИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ДВЕ РОДИЛИШТА

    БРЕМЕНА ЛЕКАРКА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19 ГИ КРИЕЛА КОНТАКТИТЕ И СТАВИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ДВЕ РОДИЛИШТАВработените во Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) добил информации дека докторката родилка има позитивен член на семејството, по што веднаш побарале да биде тестирана. Но таа одбила, ја напуштила Клиниката и отишла да се породи во приватна болница, од каде сега се во изолација 15 лекари, а таа лежи на Инфективна клиника.(Фото: СДК.МК)

    Докторка чиј свекор бил позитивен на КОВИД-19, дошла да се пораѓа на Клиниката за гинекологија во Скопје без да каже дека имала контакти со заразено лице со коронавирус. На пациентката пред да биде примена ѝ била направена епидемиолошка анкета, на која не кажала дека имала контакти со позитивни лица. Потоа, била сместена во одделението каде што се примаат пациентки без КОВИД-19, и била во соба со уште две родилки.

    Вработените во Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) добиле информации дека родилката има позитивен член на семејството, по што веднаш побарале да биде тестирана. Притоа била ставена во изолација, од што се навредила, одбила да се тестира и ја напуштила Клиниката и отишла да се породи во приватна болница.

    „Многу неодговорно однесување. Ниту едно медицинско лице не смее да си дозволи вака да го загрози животот на вработените, на пациентите и на бебињата. Сите медицински работници носеле заштитна опрема, но сепак двајца се ставени во домашна изолација. Се следи и состојбата на двете родилки кои беа со неа во соба“, вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.

    Докторката, откако заминала од ГАК, се породила во приватна болница. По породувањето развила симптоми, по што била тестирана и излегла позитивна на КОВИД-19. Сега се лекува на Инфективната клиника. Во изолација се и 15 медицински лица од приватната болница.

    Директорката Јовановска вели дека за ваков случај таа треба да се одговара кривично, бидејќи е доведено во опасноста здравјето на здравствените работници и пациенти.

    Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирена Сотирова-Бухова вели дека чекаат официјално известување од ГАК, но во текот на денот ќе излезат на терен и ќе постапат по овој случај.

    Денеска во земјава се регистрирани 125 нови случаи на КОВИД-19, починаа 7 лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира