ОД 16 НА 20 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗГОЛЕМЕНА КАЗНАТА ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ КОЈ ЈА УБИ ПАРТНЕРКАТА ПРИ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, ОДЛУЧИ СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА

    ОД 16 НА 20 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗГОЛЕМЕНА КАЗНАТА ЗА КАВАДАРЧАНЕЦОТ КОЈ ЈА УБИ ПАРТНЕРКАТА ПРИ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, ОДЛУЧИ СКОПСКА АПЕЛАЦИЈАСкопскиот Апелационен суд ја зголеми казната по жалбата на Обвинителството од Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд од Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци и ја зголеми затворската казна од 16 години затвор на 20 години за за кавадарчанецот Илија Панов (44), кој во јануари 2025 ја уби вонбрачната партнерка Сузана Серенакова (52), потврди кавадаречкото обвинителство. Панов во декември 2025 беше прогласен за виновен за убиство сторено при семејно насилство и осуден во Основниот суд Кавадарци.

    На висината на изречената казна се жалел и осудениот.

    Панов беше обвинет дека во неутврден момент меѓу 20 и 22 јануари 2025, ја убил Серенакова од Кавадарци. Според обвинението, делото го извршил во станот во кој престојувала Серенакова на улицата Ѓуро Салај во Кавадарци, каде што ќерка ѝ ја нашла мртва. За кривичното дело за кое му се судеше, Убиство од член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик, предвидена е казна доживотен затвор.

    Вештачењето на психијатрите над обвинетиот, кој бил регистриран наркозависник, покажало дека тој бил свесен за стореното дело и насилно ѝ ги затворил носот и устата на партнерката, предизвикувајќи задушување и смрт. Според вештите лица, тој бил со асоцијален развој уште од млада возраст, неговото однесување било проблематично и со низок праг на толеранција.

    Обвинетиот Панов не го признава делото, тврдел дека некој друг е сторител, а тој бил кај пријател на друга локација во моментот на убиството. На облеката и под ноктите на двете раце на убиената Серенакова била пронајдена ДНК единствено од Панов. Се покажало дека раните по телото на Серенакова се одбранбени, добиени при нападот врз неа и се од убиецот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира