ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 23 ЧАСОТ, 14-ДНЕВЕН КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ИНДИЈА И БРАЗИЛ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 23 ЧАСОТ, 14-ДНЕВЕН КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ИНДИЈА И БРАЗИЛ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАКафулињата и рестораните ќе работат до 22.30 часот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од утре (среда, 5 мај) полицискиот час наместо од 21 часот ќе почнува од 23, одлучи Владата на денешната седницата.  Забраната за движење како и досега ќе трае до 5 часот наутро. Оваа мерка ќе трае до 15 мај.

    Соодветно на овие измени, кафулињата и кафеаните ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

    „Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица, патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви ковид-19“, велат од Владата.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира