ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 22 ЧАСОТ ВО КРИТИЧНИТЕ ГРАДОВИ

    ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 22 ЧАСОТ ВО КРИТИЧНИТЕ ГРАДОВИДенеска Комисијата за заразни болести ѝ препорача на Владата враќање на органичувањето на движење во Скопје, Куманово, Штип и Тетово, каде има голем број активни случаи на КОВИД-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата утре ќе одлучува дали во Скопје, Куманово, Тетово и Штип ќе се воведе полициски час секој ден од 22 до 5 часот. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека предлогот од Комисијата за заразни болести е доставен до Владата и тој ќе се разгледува на утрешната владина седница.

    Денеска, Комисијата за заразни болести ѝ препорача на Владата враќање на органичувањето на движење во Скопје, Куманово, Штип и Тетово, каде има голем број активни случаи на КОВИД-19. Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат и групираат, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ.

    За останатиот дел од државата не се препорачуваат рестриктивни мерки.

    Во земјава денес се дијагностицирани 127 нови случаи на КОВИД-19 од кои 67 се во Скопје, Штип-33 и Тетово-10, тројца пациенти починаа. По општини, активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи се Чаир-168, Центар-64, Бутел-63, Гази Баба-58, Аеродром-57, Сарај-55, Карпош-45, Кисела Вода-35, Арачиново-23.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 3.152, оздравени пациенти се 1.653, починати се 156, а активни случаи има 1.343.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира