2.400 ЖЕНИ ТРЧАА 3 КИЛОМЕТРИ НА СКОПСКАТА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА

    2.400 ЖЕНИ ТРЧАА 3 КИЛОМЕТРИ НА СКОПСКАТА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКАПрва трката ја заврши Биљана Кираџиева со 10.40 минути, втора беше Ирма Хајдари со 10.54 минути, а трета Ања Еклер со 11.21 минути (Фото. К. Попов)

    Околу 2.400 жени трчаа денеска на седмото издание на Авицена женска трка во Скопје.  Стартот на трката беше пред фонтаната Лотосов цвет и од таму се трчаа три километри низ скопските улици. Прва трката ја заврши Биљана Кираџиева со 10.40 минути, втора беше Ирма Хајдари со 10.54 минути, а трета Ања Еклер со 11.21 минути. Медали им беа доделени и на сите кои завршија меѓу првите три во 7-те возрасни категории.

    Трката беше посветена на Снежана Караџовска, која учествуваше во количка за да ја покаже нејзината желба повторно да прооди. (Фото: К. Попов)

    „Ова е ден на сплотеност и заедништво. Прекрасно се чувствуваме сите. Ни претставува исклучително задоволство што можевме да го постигнеме ова како организациски тим. Најголемата енергија доаѓа од учесничките. Се гледа дека со љубов трчаат и ја сакаат патеката. Затоа со голем труд даваме сѐ од себе оваа трка да биде што е можно подобра од година во година.“, рече Гордана Николовска од Сојуз на спортови од Град Скопје.

    Женската трка низ улиците на Скопје се одржува седма година. (Фото: К. Попов)

    Трката, како што кажа Николовска е посветена на Снежана Караџовска, која  учествуваше во количка за да ја покаже нејзината желба повторно да прооди.

    Трката е во организација на тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, а е под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари