АЛБАНСКИОТ ФУДБАЛЕР ДАКУ СЕ ИЗВИНИ ШТО ЈА ПЦУЕШЕ МАКЕДОНИЈА ПО МЕЧОТ СО ХРВАТСКА НА ЕП

    АЛБАНСКИОТ ФУДБАЛЕР ДАКУ СЕ ИЗВИНИ ШТО ЈА ПЦУЕШЕ МАКЕДОНИЈА ПО МЕЧОТ СО ХРВАТСКА НА ЕПДодека албанските навивачи го славеа освоениот бод, Даку зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија. (Фото: Зума прес)

    Албанскиот напаѓач Мирлинд Даку, кој по завршувањето на дуелот со Хрватска на Европското првенство во Германија ги пцуеше Македонците, се извини наведувајќи ги силните емоции од играњето на Евро 2024. Даку беше фатен на камера како по ремито 2-2 на Албанија со Хрватска во Хамбург зеде мегафон и од теренот вулгарно скандираше против Македонија. Тоа предизвика барање за извинување од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), плус истрага од европската фудбалска организација УЕФА.

    „Извинувањето е машко, и чувствувам морална и професионална обврска да го сторам тоа, за сите оние кои се повредени“, рече тој во изјавата на албански јазик на социјалните мрежи. „Како и секој фудбалер, во тие моменти емоциите се на друго ниво, што може да се разбере само на теренот. Тешко е да се опише чувството да се игра за оваа репрезентација, за овие прекрасни навивачи кои ни даваат неограничена љубов“.

    Албанија е вторпат на голем турнир и е бодрена од некои од најфанатичните поддржувачи видени досега за време на едномесечниот турнир во Германија.

    „Извинете ако навредив некого по мечот со Хрватска, ефектот од играта си го прави своето“, додаде 26-годишниот играч во својата објава. „Продолжувам да работам заедно со целата група за нашите соништа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира