ЕВРОПСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ОДЛОЖЕНО ЗА ЛЕТО 2021

    ЕВРОПСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ОДЛОЖЕНО ЗА ЛЕТО 2021Европското првенство ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 (Фото: ПА)

    Европското фудбалско првенство, што требаше да се игра во јуни и јули годинава, е одложено за 2021 поради пандемијата на коронавирусот, одлучи УЕФА на денешниот видеосостанок со националните фудбалски федерации.

    Ова е првпат во 60-годишната историја на натпреварувањето тоа да биде одложено.

    Од Норвешката фудбалска федерација информираа дека е договорено Европското првенство да се игра од 11 јуни до 11 јули 2021. Договорот ќе биде потпишан во текот на денот.

    Одложувањето на ЕП ќе овозможи доигрување на националните фудбалски првенства кои сега се во прекин.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари