МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ МУРИЊО

    МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ МУРИЊОЖозе Мурињо му донесе три трофеи на Манчестер, но неговата екипа ретко играше убав фудбал

    Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Жозе Мурињо, два дена по поразот во големото дерби со Ливерпул.

    „Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа како тренер на Манчестер јунајтед и му посакува многу успех во иднина. Клубот ќе има привремен тренер до крајот на тековната сезона, додека во исто време ќе работи на пронаоѓање на долгорочно тренерско решение“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

    Мурињо беше претставен како нов тренер на Манчестер во мај 2016 година, кој во него гледаше соодветен наследник на легендарниот Алекс Фергусон. Иако за време на неговиот мандат Манчестер освои три трофеи, сепак не можеше да се носи со големите ривали во Премиерлигата и беше силно критикуван за неатрактивниот стил на игра, што го форсираше Португалецот.

    По неделниот пораз, Манчестер е шести на табелата, со 19 бодови помалку од лидерот Ливерпул.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира