ОЛЕ ГУНАР СОЛШЕР ЌЕ ГО ВОДИ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

    ОЛЕ ГУНАР СОЛШЕР ЌЕ ГО ВОДИ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТАОле Гунар Солшер 11 сезони го носеше дресот на Јунајтед (Фото: Ројтерс)

    Манчестер јунајтед го именуваше својот поранешен играч Оле Гунар Солшер за привремен тренер, само ден откако Жозе Мурињо доби отказ. Тој треба да ја извршува функцијата до крајот на сезоната и ја презема екипата во моментите кога се наоѓа на шестото место на табелата.

    Солшер помина 11 сезони на „Олд Трафорд“ и влезе во аналите на клубот со победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година.

    „Манчестер јунајтед ми е во срцето и неверојатно е што се враќам овдека во нова улога. Едвај чекам да почнам со работа со овој талентиран тим што го имаме“, изјави 45-годишниот Норвежанец.

    Солшер доаѓа во Манчестер од клупата на норвешкиот клуб Молде, со кого овој месец потпиша нов договор и таму ќе се врати во мај. На него во работата ќе му помага Мајк Фелан, а во стручниот штаб остануваат Мајкл Керик и Киран Меккена. Првиот тест за Солшер ќе биде саботниот натпревар со Кардиф.

    Јунајтед најави дека долгорочно тренерско решение ќе избере на крајот на сезоната.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари