ПЕРО АНТИЌ СЕ ВРАТИ ВО ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ

    ПЕРО АНТИЌ СЕ ВРАТИ ВО ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ПО ДЕСЕТ ГОДИНИЦрвена звезда остана неговата најголема љубов. - Перо Антиќ (Фото: КК Црвена звезда)

    Најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ се врати во редовите на Црвена звезда, во којашто доаѓа како актуелен европски првак.

    Поранешниот македонски репрезентативец потпиша едногодишен договор со „црвено-белите“, беше потврдено на сајтот на клубот.

    Црвена звезда беше еден од првите странски клубови во богатата кариера на Антиќ, за којашто настапуваше од 2005 до 2007 година, никогаш не криејќи дека овој клуб е неговата најголема љубов.

    Во меѓувреме, Антиќ стана првиот Македонец кој заиграл во НБА-лигата и освои три титули европски првак, две со Олимпијакос и лани со Фенербахче. Од друга страна, Звезда го презеде приматот од Партизан и сега е актуелен шампион и на Србија и на АБА-лигата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари