ПЕТМИНА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ВО РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕД ПАТУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    ПЕТМИНА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ВО РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕД ПАТУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОСелекторот Кире Лазаров во последен момент мора да го менува списокот патници за Дебрецин (Фото: СДК.МК)

    Коронавирусот не ја заобиколи ни машката ракометна репрезентација, која в четврток го почнува настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. На последното тестирање пред патувањето за унгарскиот град Дебрецин, петмина членови на националниот тим имале позитивен тест, објави синоќа Ракометната федерација на Македонија. Имињата на заразените не се објавени, ни дали се играчи или членови на стручниот штаб, поради што конечниот список патници за ЕП ќе биде познат непосредно пред заминувањето денеска во 14:10 часот.

    Согласно инструкциите од Европската ракометна федерација, репрезентативците биле тестирани трипати од почетокот на годината.

    „На последното ПЦР тестирање, направено во овластена лабораторија за сите членови на Ракометната федерација на Македонија, кај петмина претставници кои требаше да заминат на Европското првенство 2022 е детектиран коронавирусот“, соопшти РФМ.

    Македонија го игра првиот меч задутре од 18 часот, против Словенија, а во групата уште се и Данска и Црна Гора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира