ПЛАТИНИ УАПСЕН ЗА КОРУПЦИЈА ВО ВРСКА СО СП 2022 ВО КАТАР

    ПЛАТИНИ УАПСЕН ЗА КОРУПЦИЈА ВО ВРСКА СО СП 2022 ВО КАТАРПлатини сѐ уште ја отслужува четиригодишната суспензија од фудбалот, откако се дозна дека примил нелегална исплата од поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер. (Фото: Скај Њуз)

    Поранешниот претседател на УЕФА, француската фудбалска легенда Мишел Платини, е уапсен под сомнение за корупција, објавија француските медиуми.

    63-годишникот е уапсен како дел од истрагата за доделувањето на организацијата на Светското првенство во Катар во 2022 година, според весникот „Ле Монд“.

    Платини сѐ уште ја отслужува четиригодишната суспензија од фудбалот, откако се дозна дека примил нелегална исплата од поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер. Катар контроверзно беше избран за домаќин на СП 2022 пред една деценија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари