ПО УСПЕХОТ ВО РИО ХРВАТСКА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е СПОРТСКИ ЛИДЕР ВО ЕВРОПА, МАКЕДОНИЈА ВО РЕГИОНОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО УСПЕХОТ ВО РИО ХРВАТСКА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е СПОРТСКИ ЛИДЕР ВО ЕВРОПА, МАКЕДОНИЈА ВО РЕГИОНОТ

    Хрватска се пофали дека е лидер во Европа по бројот на освоени златни медали на Олимпијадата во Рио, ако се земе предвид соодносот на медалите со бројот на жители. Србија се надева на рекордни десет медали во Рио, а Косово ја слави џудистката Маљинда Келменди, која освои златен медал на првиот настап на земјата на олимписките игри.

    Српските кошаркари ја победија Австралија со 15 поени разлика во полуфиналето

    Српските кошаркари ја победија Австралија со 15 поени разлика во полуфиналето

    Македонија се пофали дека е лидер во регионот по развојот на физичката култура и спортот со 62 милиони евра инвестирани во 280 спортски објекти, но остана во групата земји од Балканот без медал на Игрите во Рио кои привршуваат, заедно со БиХ и Албанија, додека Црна Гора се уште се надева на бронза во ватерполо.
    Државниот завод за статистика на Хрватска објави дека Хрватска, со пет злата на 4,2 милиони жители, во просек има 1,19 златни медали на милион луѓе, што ја прави убедливо најуспешна земја во Европа. Второпласирана во оваа конкуренција е Унгарија (0,71, седум злата на 9,8 милиони жители) и трета е Словенија (0,49, едно злато на два милиони жители). Покрај петте злата, Хрватска има уште две сребра и една бронза и игра финале во ватерполо против Србија.

    Србите, пак, покрај ватерполото, се надеваат на злато во кошарка, бидејќи ноќеска се пласираа во финалето против САД по убедливата победа над Австралија. Во финале се и српските одбојкарки, кои ќе се сретнат со Кина.

    Спринтерот Ристе Пандев победи во првата квалификациска трка на 100 метри

    Спринтерот Ристе Пандев победи во првата квалификациска трка на 100 метри

    Од македонските спортисти во Рио прва настапи стрелачката Нина Балабан, која во дисциплината 10 метри воздушна пушка го освои 42. место во конкуренција на 51 натпреварувач. Следуваше пливачката Анастасија Богдановски на 200 метри слободно со пласман на 33. место од 42, а по нејзе настапи џудистката Катерина Николоска, која загуби во првото коло. Пливачот Марко Блажевски беше 26. од 27-мина на 200 метри мешано. Спринтерот Ристе Пандев победи на првата трка, но веќе во следната беше последен за 66. место од 82 атлетичари. Последна настапи атлетичарката Дрита Исљами, која беше 45. од 48 на 400 метри со пречки.
    Единствениот олимписки медал на Македонија по независноста во 1991 година е бронзата на натурализираниот борач Могамед Ибрагимов на Олимпијадата во Сиднеj 2000 година. Претходно, во рамките на СФРЈ, македонските спортисти освоија 13 медали од кои две злата, пет сребра и шест бронзи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира