ПРВИОТ МАРАТОН ВОДНО-МАТКА УТРЕ ЌЕ СЕ ТРЧА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

    ПРВИОТ МАРАТОН ВОДНО-МАТКА УТРЕ ЌЕ СЕ ТРЧА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

    И покрај зимските услови во Скопје, утре, според планираното, ќе се одржи првото издание на планинската трка Водно-Матка, која ќе содржи маратон и полумаратон.

    Учесниците нема да имаат идеални услови за трчање, имајќи ги предвид ниските утрински температури и снежната покривка од десетина сантиметри, а можни се и слаб дожд и намалена видливост, но тоа не би требало да влијае врз масовноста.

    Маратонската трка стартува во осум часот од паркингот пред полициската станица, при што 2.860 метри се поминуваат во искачување. Временски лимит на трката е десет часа.

    За да се избегнат мешаници, полумаратонците (23 километри) тргнуваат во девет часот. Целта на двете трки е крстот на Водно.

    За маратонот се пријавени стотина тркачи, додека полумаратонот ќе го трчаат тројно повеќе учесници.

    Трката е во организација на тимот ТРЕКС и на планинарското-спортско друштво Макпетрол.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари