ВАРДАР СО БАРСЕЛОНА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ФАЈНЛ ФОРОТ ВО КЕЛН

    ВАРДАР СО БАРСЕЛОНА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ФАЈНЛ ФОРОТ ВО КЕЛНВардар сензационално ја победи Барса во полуфиналето пред две години (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ракометарите на Вардар ќе се сретнат со Барселона во полуфиналето на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, што ќе биде реприза на нивниот дуел од 2017 година. Вардарци тогаш сензационално победија со 26:25 и се пласираа во финалето и потоа ја освоија титулата.

    Во другото полуфинале ќе се соочат Кјелце и Веспрем.

    Десеттото издание на Фајнл форот во Келн ќе се игра на 1 и 2 јуни.

    Барселона беше првопласирана во А-групата со само два порази, по што во четвртфиналето го елиминираше Нант на Кире Лазаров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира