ВЕЌЕ ОД ВТОРИОТ НАТПРЕВАР НИКОМУ НЕ МУ БЕШЕ ГАЈЛЕ ДЕКА СУДИЈАТА Е ЖЕНА, ВЕЛИ ПРВАТА СУДИЈКА ВО БУНДЕСЛИГАТА

    ВЕЌЕ ОД ВТОРИОТ НАТПРЕВАР НИКОМУ НЕ МУ БЕШЕ ГАЈЛЕ ДЕКА СУДИЈАТА Е ЖЕНА, ВЕЛИ ПРВАТА СУДИЈКА ВО БУНДЕСЛИГАТАОткако стана судија во Бундеслигата, Бибиана Штајнхус вели дека веќе не може да работи како полицајка во патрола, бидејќи луѓето ја запирале на улица и барале од неа да зборуваат за офсајдите. (Фото: ЕПА)

    Бибијана Штајнхаус го замислувала моментот многу пати претходно – како излегува на фудбалскиот терен како судија во Бундеслигата, а очите на 50.000 фанови и на медиумите се свртени кон неа. На 10 септември годинава, Штајнхаус влезе во историјата на Германија со тоа што стана првата жена, која означи почеток на натпреварот во највисоката лига. Сцената беше историска – Олимпискиот стадион во Берлин со капацитет од 74.000 гледачи, каде што се одржаа Олимписките игри, мечевите од Светското фудбалско првенство и финале на Лига на шампионите.

    „Се ежам кога ќе се сетам на тој момент. Кога излеговме на Олимпискиот стадион во Берлин , што е всушност многу импресивен стадион, и бучавата и атмосферата, беше прекрасен момент, Момент за кој сите работевме долго време, и прекрасно е што успеавме“, вели Штајнхаус.

    Триесет и осумгодишната Штајнхаус веста ја добила по имејл, три дена пред мечот што меѓу Херта Берлин и Вердер Бремен, како што вообичаено се назначуваат судиите во Бундеслигата.
    „Зедовме длабок здив како тим судии, и од тој момент се подготвувавме за натпреварот, како за секој друг. Се подготвувавме како тим, се подготвувавме да растуриме, и кога конечно се случи, бевме целосно сконцентрирани“, вели Штајнхаус.

    Таа признава дека не очекувала нејзиното назначување да привлече толкаво внимание кај медиумите од целиот свет, очекувала само да биде вест за нејзината родна Германија.
    „Притисокот беше голем, но беше предизвик“, рече Штајнхаус.

    За нејзиниот настап доби одобрување од сите страни, но вниманието кое го привлече на нејзиниот втор меч меѓу Шалке и Мајнц беше сосема поинакво.
    „Никој не се грижеше. Никој не се интересираше, беше како мала забелешка во медиумите. Тоа ми покажа дека ме прифатиле, луѓето прифаќаат добар и квалитетен судија без оглед на полот, без оглед на големината, без оглед на неговиот бекграунд, религија или култура. Ако сте квалитетен и ако сте во позиција да ја работите вашата работа најдобро што можете, тогаш вратите се отворени. И тоа е она што ние го сакаме заради убавината на играта“, вели таа.

    Иако Штајнхаус, Германија и фудбалот сите зедно прават чекори напред, таа нагласува дека секој четврти судија во групните натпревари на неодамнешното Светско првенство под 17 години беше жена, сексизмот сѐ уште постои.

    Штајнхаус и самата била субјект на сексизам на теренот за време на натпреварите. Во 2015 година, за време на натпревар во втората лига на Германија, го исфрли од играта фудбалерот на Фортуна Диселдорф Керем Демирбај, со два жолти картони. Додека го добиваше црвениот картон Демирбај се свртел кон Штајнхаус и ѝ рече: „Жени нема што да бараат во машки фудбал“.

    Таа го пријави инцидентот од мечот и клубот на Демирбај презеде дисциплински мерки против него, го суспендираше пет меча и го прати да биде судија во натпревар од женската јуниорска лига.

    Покрај нејзината работа како судија во Бундеслигата, Штајнхаус работи и како полицајка. Таа вели дека одредени аспекти на двете работи се надополнуваат една со друга.
    „Два тима разговараат за една ситуација, тие всушност не се на иста страна, а вие треба да управувате со ситуацијата“, објаснува таа.

    Нејзината нова слава значи дека таа веќе не може да патролира на улиците и сега е стационирана во канцеларија.
    „Луѓето ме запираа и сакаа да зборуваме за офсајдите“, вели таа.
    Штајнхаус е смирена, но инциденти како овој, ја потсетуваат колку далеку стигнала од моментот кога прв пат одлучила дека сака да биде судија. Додека растела, нејзиниот татко исто така бил судија, и бил инспирација на почетокот на кариерата, но дека тоа не било единствената причина што одлучила да се занимава со ова професионално.

    „Многу брзо сфатив дека не сум успешна фудбалерка. Го земав свирчето и само се обидов“, вели Штајнхаус.
    Таа верува дека е важно што нејзиниот татко уште од млади години ја научил дека не е сè позитивно во фудбалот, и тоа го објаснува фактот што таа можеше да се носи смирено со сексизмот на Демирбај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира