ВЛАДАТА И ФФМ НАЈДОА 260 ИЛЈАДИ ЕВРА ДА СЕ ДОВРШИ СТАДИОНОТ ЗА СУПЕРКУПОТ

    ВЛАДАТА И ФФМ НАЈДОА 260 ИЛЈАДИ ЕВРА ДА СЕ ДОВРШИ СТАДИОНОТ ЗА СУПЕРКУПОТРечиси половина од сумата е за итна набавка на клима уреди за поттрибинскиот простор на стадионот „Филип Втори“. (Фото: СДК.МК)

    Владата и Фудбалската федерација на Македонија обезбедија 16 милиони денари за да се создадат услови  за довршување на реконструкцијата на стадионот „Филип Втори“ за одржување на фудбалскиот натпревар Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед во Суперкупот на УЕФА на 8 август во Скопје.

    „Владата донесе одлука Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор да издвои седум милиони денари од тековното работење, за итна набавка на клима уреди за потребите на Телеком Арената во Скопје, на која што треба да се одигра натреварот во рамки на УЕФА Супер купот. На претпријатието му се укажува останатите 4 милиони денари да ги резервира наменски за евентуални дополнителни тековни потреби“, се вели во соопштението на Владата по денешната седница.

    Како резервен фонд, било договорено ФФМ да обезбеди пет милиони денари.

    „Со тоа се создадени услови за довршување на реконструкцијата на стадионот и за одржување на меѓународниот натпревар согласно стандардите на УЕФА, за што тим на организацијата ќе дојде следниот месец во земјава да направи проверка“, стои во владиното соопштение.

    УЕФА на 15 јуни испрати писмо до Фудбалската федерација во кое бара пишани и финансиски гаранции од македонската влада со кои што ќе потврди дека работата на стадионот „Филип Втори“ ќе биде комплетирана најдоцна до 21 јули за се да биде подготвено за Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8 август. Во писмото, кое го објави САКАМДАКАЖАМ.МК, се наведени сите недостатоци на стадионот, кои што треба да бидат санирани до споменатиот датум, кога во Скопје ќе дојде инспекција на УЕФА.

    УЕФА БАРА ОД ВЛАДАТА ФИНАНСИСКИ ГАРАНЦИИ ДЕКА СТАДИОНОТ КЕ БИДЕ СПРЕМЕН ЗА РЕАЛ-МАНЧЕСТЕР ДО 21 ЈУЛИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира