ЗИДАН СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ГОСТОПРИМСТВОТО, МУРИЊО ГО ПОДАРИ МЕДАЛОТ

    ЗИДАН СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ГОСТОПРИМСТВОТО, МУРИЊО ГО ПОДАРИ МЕДАЛОТТренерите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Жозе Мурињо и Зинедин Зидан, на прес-конференциите по натпреварот од Супер купот во Скопје.

    Зинедин Зидан синоќа ја освои шестата титула како тренер на Реал Мадрид со победата на неговиот тим од 2:1 против Манчестер Јунајтед во Супер купот на УЕФА во Скопје и по натпреварот се заблагодари за, како што кажа, многу добриот прием.

    „Имавме многу добар прием и имаше многу навивачи на Реал Мадрид на стадионот. Сакам да им се заблагодарам на сите тие навивачи кои го сакаат Реал Мадрид“, изјави Зидан на прес-конференцијата по натпреварот.

    Неговиот колега од Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо, пак, веднаш по церемонијата на доделувањето на медали, отиде до трибината со навивачите на англискиот тим и го подари сребрениот медал на едно дете.

    „Понекогаш кога ќе победам не ги чувам медалите, па можете да замислите кога ќе загубам. Јас ќе го ставам медалот неакде во мојата куќа, а за тоа дете, медалот е како месечина. Тоа беше мало дете во дрес на Манчестер Јунајтед, не знам од каде е. Мислам дека за детето, тоа е нешто што никогаш нема да го заборави“, одговори Мурињо на новинарско прашање за медалот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира