29 ЗАГИНАТИ И 166 ПОВРЕДЕНИ ПО ДВОЈНИОТ БОМБАШКИ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Истанбул,(Би-Би-Си)

    29 ЗАГИНАТИ И 166 ПОВРЕДЕНИ ПО ДВОЈНИОТ БОМБАШКИ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ

    Две експлозии близу фудбалски стадион во најголемиот турски град Истанбул убија 29 луѓе и повредија 166. Синоќешните експлозии, автомобил бомба и самоубиец бомбаш, беа напад на полициските сили, велат турски функционери.

    Бомбашките напади се случија два часа по завршување на фудбалскиот натпревар меѓу Бешикташ и Бурсаспор на стадионот на Бешикташ. Досега се уапсени десет лица во врска со нападите, а ниту една група не презеде одговорност.

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го откажа планираното патување во Казахстан.

    „Уште еднаш во Истанбул сме сведоци на грдото лице на тероризмот кој ги погазува сите вредности“, кажа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган преку соопштение.

    Првата и поголема експлозија се случи синоќа околу 10.30 часот по локално време откако домашниот тим Бешикташ ги победи гостите Бурсаспор со 2:1 во натпревар од турската Суперлига. Ердоган вели дека тајмингот на нападот имал за цел големи човечки жртви и вети дека нацијата ќе се справи со тероризмот.

    Годинава, Истанбул беше цел на бомбашки напади кои властите ги припишаа на Исламска држава или на курдските милитанти. Во Турција се уште е во сила вонредна состојба по неуспешниот пуч на 15 јули.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира