И АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ЈА ОТФРЛИ ЗАБРАНАТА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ НА МУСЛИМАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(БИ-БИ-СИ)

    И АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ЈА ОТФРЛИ ЗАБРАНАТА НА ТРАМП ЗА ВЛЕЗ НА МУСЛИМАНИ

    Американскиот федерален апелационен суд го отфрли барањето на администрацијата на Трамп да ја врати забраната за влез на патници од 7 муслимански земји, што во петокот беше блокирана од федерален судија. Пресудата донесена доцна синоќа значи дека забраната ќе биде суспендирана сѐ до целосното сослушување за случајот.

    Судот им даде  рок до утре на Белата куќа и на државите кои поднесоа жалба да презентираат повеќе докази.

    Државните адвокати изјавија дека забраната, која засега луѓе од 7 земји, е неуставна. Министерството за правда, пак, смета дека сојузните држави немаат право да ја обжалат извршната наредба на Трамп, ниту пак имаат право да ги доведат во прашање неговите проценки за ризиците по државната безбедност. Во жалбата, министерството вели дека претседателот има „беспоговорен авторитет“ да спречи каква било група странци да влезат во земјата и дека петочната одлука на судијата Џејмс Робарт е премногу општа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира