БЕЛ КИТ СО ОГЛАВ ФАТЕН ВО НОРВЕШКА, ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА Е РУСКО ОРУЖЈЕ

    БЕЛ КИТ СО ОГЛАВ ФАТЕН ВО НОРВЕШКА, ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА Е РУСКО ОРУЖЈЕРибарите во водите близу малотo норвешко рибарско село Инга, минатата недела пријавиле дека бел белуга кит кој носи чуден оглав на кој пишува „Опрема на Санкт Петерсбург“ почнал да им ги попречува бродовите, а експертите сметаат дека е дел од програмата на руската воена морнарица за користење подводни цицачи во силите за специјални операции (Фото: Гардијан)

    Експертите за морски свет во Норвешка сметаат дека фатиле бел кит што е трениран од руската морнарица како дел од програмата за користење подводни цицачи во силите за специјални операции. Рибарите во водите близу малотo норвешко рибарско село Инга, минатата недела пријавиле дека бел белуга кит кој носи чуден оглав почнал да им ги попречува рибарските бродови.

    Чудното однесување на китот, кој активно трагал по бродовите и се обидувал да им ги отргне страничните ортоми, како и фактот дека носел чуден оглав кој изгледал како да е за носење камера или за оружје, ги зголемил сомнежите кај морските експерти дека станува збор за животно кое имало воена обука во соседна Русија. Во внатрешноста на оглавот, кој сега е симнат од китот, пишува „Опрема на Санкт Петерсбург“.

    Рибарите велат дека китот бил многу питом и изгледал навикнат на луѓе.

    „Ако ова животно доаѓа од Русија – а има голема причина да се верува во тоа – тогаш ова не е дело на руските научници туку на морнарицата“, вели Мартин Биу од Институтот за морски свет во Норвешка.

    Професор на Арктичкиот универзитет изјави за норвешката државна телевизија НРК дека „Знаеме оти во Русија држат китови во резервати и дека некои од нив очигледно се пуштени. Тие често трагаат по нашите бродови“. Тој рече дека ги контактирал руските истражувачи кои рекле дека немаат никаква врска со китот со оглав.

    „Ми рекоа дека тоа најверојатни има врска со руската морнарица во Курск“, рече професорот.

    Во Советска Русија во 1980-те, имаше програма со која се регрутираа делфини за воена обука, кои поради нивниот остар вид, издржливост и добра меморија беа ефикасно подводно орудие за детектирање оружје. Таа програма со чицачи е затворена во 1990-те. Сепак, во 2017 извештај на ТВ Ѕвезда, чи сопственик е руското Министерство за одбрана, откри дека руската морнарица пак обучува белуга китови, фоки и делфини за воени цели во поларните води. Во изминативе 3 години, претседателот Владимир Путин одново ги отвори трите поранешни советски воени бази на пространото арктичко крајбрежје.

    Со поновите истражувања и обуки што ги направи Институтот во Мурманск, северна Русија за воената морнарица, се испитувало дали белуга китовите може да се користат како „стражари на морските бази“ во арктичките региони, и „да им помагаат на нуркачите и ако треба да ги убијат сите непознати лица кои ќе влезат во нивната територија“.

    Делфините и фоките се обучувани да носат алати за нуркачите и да детектираат торепда, мини и друга муниција до 120 метри длабичина. Јавните податоци од руската влада покажуваат дека Министреството за одбрана купило пет делфини на возраст од 3-5 години, од московскиот Утриш делфинариум во 2016 за цена од 18.000 долари.

    Во истражувањето во Мурманск утврдено е дека делфините и фоките се многу попогодни за обука и арктичка клима отколку белуга китовите. Белугата се смета за многу поосетлив на студ и го нема истиот „висок професионализам“ на фоките кои многу подобро паметат усни наредби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира